Top Sport

Алегри: За Јувентус се супер победите од 1:0

Масимилијано Алегри смета дека фановите на Јувентус не треба да се жалат по тешката 1:0 победа над Специја, бидејќи за да се остварат целите на „бјанконерите“ мора да има многу такви победи.

Ова беше деветта победа во 14 меча за Јувентус, а друите пет завршија нерешено, така што навистина навивачите на најпопуларниот италијански клуб можат да бидат задоволни.

„Стартот беше добар, требаше да имаме два гола во првото полувреме, а потоа се почувствува заморот. Ако сакаш да стигнеш до целите, тогаш мораш да играш во вакви мечеви, да страдаш и да освоиш три поени со 1:0. Сега мораме да се подготвиме за Сампдорија, а потоа за Вилјареал и да продолжиме со ваков циклус“, вели Алегри.

Алегри постојано инсистира дека Јувентус не се во трката за титулата, иако малкумина му веруваат.

„Никогаш не сум видел тим кој секогаш лесно победувал. Влегуваш во Лигата на шампионите и ги остваруваш целите со вакви мечеви, со 1:0. Луѓето бргу забораваат, но и во моите пет години во Јуве имавме многу 1:0 резултати во мечеви во кои седевме во нашата половина 20 минути“, додава тренерот.

Јуве со „минималец“ против Специја на 5 поени од врвот во Италија

Scroll to Top