Top Sport

Смртни закани за Идриса Геј откако на тренинг го повреди Мбапе

Идриса Геј на несреќен начин на денешниот тренинг стартувал над Килијан Мбапе и го повредил францускиот ас. Сега настапот на напаѓачот на ПСЖ е неизвесен за реванш натпреварот против Реал Мадрид в среда во Лигата на шампионите, а фановите на францускиот клуб се нафрлиле со навреди кон Сенегалецот на социјалните мрежи. Дури имало и смртни закани.

Килијан Мбапе морал да реагира и побарал од навивачите да престанат со навредите кон неговиот соиграч.

„Сите заедно, секогаш. Ова е Париз“, напиша Мбапе.

 

Scroll to Top