Top Sport

Стравична повреда за Алберто Морено

Левиот бек на Вилјареал, Алберто Морено, ќе го пропушти опстанатиот дел од сезоната откако ги скина предниоте вкрстени лигаменти на коленото. Тоа ќе биде голем удар за шпанскиот тим во продолжение од сезоната. Вилјареал го очекува реванш натпревар против Јувентус во осмина-финалето на Лигата на шампионите, а отсуството на Алберто Морено ќе претставува голем удар за тимот.

Морено ќе мора да замине на операција, а потоа го очекува и пауза од најмалку осум месеци.

29-годишниот Шпанец оваа сезона во сите натпреварувања има 35 натпревари за Вилјареал, постигна шест гола и забележа четири асистенции.

Scroll to Top