Ел класико, во Лигата на шампионите, ќе ги урне сите рекорди во женскиот фудбал. Фудбалерките на Барселона, на 30.март ќе ги пречекаат колешките од Реал Мадрид. Барселона соопшти дека биле распродадени влезниците во сите сектори, исклучок биле само одредени делови во ВИП ложата.
Барселона и Реал Мадрид, дуелот во четврт-финалето, ќе го одиграат пред 99.354 навивачи.
Ова ќе биде апсолутен рекорд во женскиот фудбал.
Актуелниот рекорд го држи натпреварот Атлетико Мадрид-Барселона, одигран во март 2019 година на „Ванда Метрополитано“, пред 60.739 гледачи.
Женскиот тим на Барселона, прв пат ќе игра на „Ноу Камп“, со присуство на публика, откако поради епидемиолошките мерки, натпреварите ги играше зад затворени врати.
Топ 5 натпревари со најмногу публика во женскиот фудбал:
1. Март 2029, Атлетико Мадрид-Барселона, 60.739
2. Декември 1920, ДикКер Лејдис-Сент Хеленс Лејдис, 53.000
3. Мај 2018, Монтереј-Тигрес, 51.211
4. Јануари 2019, Атлетик Билбао-Атлетико Мадрид, 48.121
5. Мај 2003, Атлетик Билбао-Хиспалис, 35.000