ФИА објави дека трки во Формула 1 шампионатот, на патеката во Имола, ќе се возат до 2025 година.
Италија е единствената земја во која се возат две трки во најбрзиот циркус, покрај Имола, Ф1 болидите се тркаат и во Монца.
„Среќен сум што го обновивме партнерството со луѓето од Имола до 2025 година. Ова е легендарна патека, беше дел од историјата на нашиот спорт и во текот на пандемијата. Ова е момент со кој се гордеат сите во Италија, бидејќи нивната земја има две трки во Формула 1“, рекол директорот на Ф1, Стефано Доменикали.