Сандра Перковиќ е прогласена за најдобра атлетичарка на Балканот, одбила да ја прими наградата, која потоа заврши кај Романката Бјанка Разор која на Светското првенство во Лондон го освои 18 место на трката на 400 метри.
Перковиќ која е доминира во светот, во дисциплината фрлање диск, втор пат во кариерата одбива да ја прими оваа награда. Таа смета дека во изминатите седум години најмалку пет пати требала да биде прогласена за најдобра атлетичарка на Балканот.
Проблем во нејзиниот случај е критериумот кој вели дека наградата можат да ја добијат само оние кои настапувале на Балканските првенства.
Интересно наградата пред неколку години ја доби Србинката Ивана Шпановиќ, иако таа година Шпановиќ не настапи на Балканското првенство.