Top Sport

Азурите се договориле со „Адидас“

Германската компанија „Адидас“, објави дека од почетокот на наредната година, ќе стане главен спонзор на фудбалската репрезентација на Италија. Ова значи дека крај на 20-годишната соработка помеѓу Италија и „Пума“.

Фудбалскиот сојуз на Италија од „Адидас“ ќе добива околу 35.000.000 евра на годишно ниво. Двете страни потпишале четири годишен договор.

„Адидас“, со овој договор стана спонзор на уште еден фудбалски гигант, од претходно германската компанија соработува со Германија, Шпанија и Аргентина.

Доколку Италија избори пласман на Светското првенство во Катар (21.ноември-21.декември) таму ќе ќе игра во дресовите на „Пума“.

Италија, во полу-финалниот бараж, на 24.март, ќе ја пречека Македонија во Палермо. Победникот од овој натпревар за пласман на Мундијалот ќе игра против подобриот од дуелот Португалија-Турција.

Scroll to Top