Руските спортисти на кои не им беше дозволен настап на Параолимпијадата во Пекинг ќе бидат поканети да се натпреваруваат на специјално натпреварување во спортскиот центар Ханти-Мансијск во Сибир, потврди рускиот заменик премиер, Дмитриј Чернишенко.
Интернационалниот параолимписки комитет (ИПЦ) прво дозволи руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат како неутрални спортисти, но еден ден подоцна признаа дека под „притисок“ мораа да ја сменат одлуката.
„Ханти-Мансијск е подготвен да биде домаќин на Паролимписките зимски игри од 18 до 21 март. Регионот ја има целосната потребна урбана и спортска инфраструктура која ги задоволува интернационалните стандарди. Спортските објекти и арени се концентрирани на едно место. Параолимписките спортисти се гордоста на Русија и ќе направиме се што е можно да им помогнеме“, потврди Чернишенко.
Се планираат натпреварувања во шест спорта – крос-кантри скијање, биатлон, карлинг, сноуборд, алпско скијање и хокеј на мраз.