ПСЖ се подготвени да го продадат Нејмар во летниот преоден рок. Покрај Нејмар, клубот ќе го отпушти и спортскиот директор Леонардо.
Новинарот на „РМЦ“, Роман Молина, тврди дека никој во клубот повеќе немал трпение да го чека Бразилецот да ги оправда милионите кои се вложени во него.
Леонардо, од друга страна е означен како еден од главните виновници за елиминацијата од реал, во Лигата на шампионите. Спортскиот директор лошо го одработил летниот преоден рок.
Нејмар, во 2017 година, пристигна во Париз. Клубот за неговиот трансфер плати рекордни 222.000.000 евра. Пет години подоцна, на сите им е јасно дека клубот донел лоша одлука. ПСЖ со Нејмар не успеа да ја оствари главната цел, не успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите.
Нејмар има договор со ПСЖ до јуни 2025 година. Неговата годишна плата е 31.000.000 евра.
Кога ќе се погледнат овие бројки, јасно е дека „светците“ ќе имаат тешка задача да се ослободат од Нејмар.