Мајката на фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркос Рохо вели дека не и се верувало дека нејзиниот син го постигнал победничкиот гол за Аргентина во 2:1 триумфот против Нигерија бидејќи тој ја користи десната нога „само за да стои“.
Карина Рохо вели дека била толку зачудена од тоа што нејзиниот син го постигнал голот, што мислела дека се работи за грешка.
„Кога сфативме дека се работи за Маркос беше вистински хаос. Шутот беше со десна нога, а тој ја користи таа нога само за стоење, така што прво не ми се веруваше дека е тој. Откако не го играше вториот натпревар му кажав да излезе и да даде гол и тој и Меси за сите кои зборуваа лоши работи за двајцата“, вели Карина Рохо.