Top Sport

Кристоферсен победи во Крањска гора, Одермарт го освои Глобусот во велеслалом

Хенрик Кристоферсен од Норвешка, победи на првата од двете трки во велеслалом, кои викендов се на програмата во Крањска гора. Второто место го поделија неговиот сонародник Лукас Бротен и Швајцарецот Марк Одермарт.

Кристоферсен, до победата стигна со одличната втора трка, во која влезе од петтото место. Бротен, ја задржа втората позиција на крајот, беше втор и по првата трка, додека првиот и третиот по првата трка, Алекс Пантуро и Жан Крањец на крајот завршија на 10. и 11.место.

По оваа трка најмногу причини за задоволство има Одермарт. Швајцарецот го обезбеди малиот Кристален глобус во велеслалом, а речиси е сигурно дека ќе го освои и големиот кристален глобус, бидејќи има 269 поени повеќе од Александер Омот Килде.

Scroll to Top