Лидерот во првенството на Македонија, Шкупи и Работнички го отворија 23.коло во домашното првенство. Шкупи, на Чаир, славеше победа 2:0.
Шкупи до шампионската титула го доближија Сандеј и Радевски. Сандеј својот 16.гол во сезоната го постигна во 51.минута, а Радевски ја потврди победа во 92.минута.
Шкупи со натпревар повеќе од конкурентите има 55 бода на челната позиција. Екипата од чаир, има 13 бода повеќе од Академија Пандев и 14 од Шкендија. Работнички останаа на седмото место со 31 бод.
Фото/fcshkupi.com