Top Sport

Без победник во дербито Хајдук-Динамо

Најголемото дерби на хрватскиот фудбал, дуелот на Хајдук и Динамо загреб заврши без голови.

Дербито, кое за увертира го имаше каменувањето на автобусот во кој беа играчите и стручниот штаб на Динамо, не понуди апсолутно ништо.

Важноста на натпреварот како да им го „врза“ нозете на играчите на двата тима. Едноставно без ризик влегоа во натпреварот и во таков ритам играа да крајот.

Динамо можеше да го шокира „Пољуд“ во 42.минута, кога Мислав Оршиќ ја погоди стативата. Во второто полувреме, напаѓачот на Хајдоук, Марко Ливаја ја погоди гредата.

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски играше до 91.минута, кога на неговото место влезе Лука Менало. Вториот репрезентативец на Македонија од редовите на Динамо, Аријан Адеми, го пропушти дербито поради повреда. Јани Атанасов од Хајдук натпреварот го гледаше од клупата за резерви.

Динамо остана лидер на табелата со 54 бода, Хајдук со пет бода помалку е на четвртото место.

Фото/Index.hr

Scroll to Top