ПСЖ го завршија својот настап во Лигата на шампионите за оваа сезона. „Светците“ со вкупен резултат 3:2, доживеаја елиминација од реал Мадрид во осмина-финалето. На ПСЖ му пресуди Карим Бензема, кој во реваншот за само 17 минути постигна хет-трик.
Реваншот во Мадрид имаше и трето полувреме. Претседателот на клубот, Насер Ал-Келаифи, заедно со спортскиот директор Леонардо се обидел да влезе во соблекувалната на судиите.
Поради ваквото однесување УЕФА покрена истрага против Ал-Келаифи.
Поради лошите настапи оваа сезона и посебно поради елиминацијата од Реал, со соопштение се огласи навивачката група на ПСЖ. Тие бараат од клубот да си замине Ал-Келаифи, а со него да си одат Нејмар и тренерот Маурисио Покетино.
„Знаеме колку добри работи направи претседателот за нашиот клуб и ова не е ништо лично против него. Јасно е дека тој не е вистинскиот човек за оваа работа. На клубот му е неопходна реорганизација на сите нивоа. На нашиот ПСЖ му се потребни луѓе кои ќе му служат, а не луѓе кои ќе го користат. Играчите немаат менталитет за големи дела. Скапи ѕвезди кои не се компатибилни, а тренерот Покетино очигледно не знае да донесе правилни одлуки“, стои во соопштението.
Посебен дел во соопштението е одвоен за Нејмар.
Како можеш да придонесеш за клубот кога се радуваш на гол постигнат од пенал и кога најчесто се на „Неделата на модата“, а не на средби со навивачите“.
C'est l'heure…
DIRECTION DÉMISSION !!!@PSG_inside pic.twitter.com/y9ELoVKHaV
— Collectif Ultras Paris (@Co_Ultras_Paris) March 12, 2022