Top Sport

Азмун: Ми ја разболеа мајката, веќе не играм за Иран

Иранскиот напаѓач Сардар Азмун објави дека се откажува од националниот дрес на само 23 години, бидејќи навредите кои ги добивал го уништиле здравјето на неговата мајка.

Иранците испаднаа по натпреварите во групи во Русија, со една победа, едно реми и еден пораз, но Азмун, најдобриот стрелец на Иран во квалификациите не ја повтори најдобрата игра на Мундијалот и не постигна гол.

„За мене, играњето за националниот дрес беше огромна чест и секогаш ќе бидам горд на тоа. Меѓутоа, решив да се збогувам со националниот тим во една од најтешките одлуки во мојот живот. Има некои работи во мојот живот кои не ги знаете. Мојата мајка надмина тешка болест и бев среќен, но поради лошото однесување на некои луѓе и навредите кои ги добивав јас и моите колеги, нејзината болест се влоши. Ова ме постави во тешка позиција да изберам едно нешто и нормално, ја избрав мојата мајка“, вели Азмун.

Азмун е сметан за еден од најталентираните ирански репрезентативци во историјата, откако на само 18 години почна да игра за рускиот тим Рубин Казан. Сметан како наследник на великанот Али Даеи, тешко дека Иранската фудбалска федерација ќе се помири лесно со оваа одлука.

Фото: ЕПА

Scroll to Top