Top Sport

Дали Англија и Белгија ќе играат за да загубат?

По расплетот на групата Х, единствената во која ниту една европска репрезентација не оди понатаму (одат Јапонија и Колумбија), познати се сите 16 учесници во осминафиналето на Мундијалот на Русија, иако останува да се види кого ќе „изберат“ Белгија и Англија како противници.

Меѓу најдобрите 16 репрезентации има дури 10 кои доаѓаат од Европа: Русија, Шпанија, Португалија, Франција, Данска, Хрватска, Швајцарија, Шведска, Англија и Белгија. Четири репрезентации се од Јужна Америка: Бразил, Аргентина, Уругвај и Колумбија, една од Северна Америка: Мексико, и една од Азија, Јапонија. Африка по низа успешни мундијали од 1990 година, овојпат нема тим меѓу најдобрите 16.

Сега, Англија и Белгија, двете репрезентации кои се пласирани ќе мора да го „изберат“ противникот во осминафиналето, но и патот за понатаму. Првото место носи дуел со Јапонија, на прв поглед полесен противник отколку Колумбија, но, во осминафиналето можен дуел со Бразил. Од другата страна, второто место носи дуел со мотивираните Колумбијци, но четврт-финале против подобриот од дуелот Шведска-Швајцарија.

ОСМИНАФИНАЛЕ

Уругвај – Португалија

Франција – Аргентина

Шпанија – Русија

Хрватгска – Данска

Бразил – Мексико

Шведска – Швајцарија

Колумбија – Белгија/Англија

Јапонија – Белгија/Англија

 

 

Scroll to Top