Сенегалските фанови беа меѓу поинтересните на Светското првенство во Русија, а најмногу во очи паѓаа седумте навивачи кои беа обоени со букви на градите.
Ова го искористи новинарот на „Марка“, Хуан Игнасио Гарсија Очоа, кој побара од нив да ги распределат буквите и наместо Сенегал да пишува Леганес, малиот клуб од предградијата на Мадрид, кој веќе две сезони е во Ла лига.
„Зборувајте со шефот на Леганес и кажете му да не покани на нивните мечеви. Ние уживаме во фудбалот и нема да ни биде пречка да креираме атмосфера. Фудбалот е забава“, изјави еден од навивачите.