Top Sport

Мото ГП асовите имаа пријем кај претседателот, потоа взе низ улиците на Џакарта

Викендов Мото ГП шампионатот гостува во Индонезија. По пауза од 25 години, најдобрите светски мотоциклисти се вратија во Џакарта. Трката ќе се вози на патеката Мандалика.

Пред почетокот на тркачкиот викенд, мотоциклистите возеа низ улиците на Џакарта и имаа прием кај претседателот на Индонезија.

На гости кај шефот на државата, Јоко Видодо, биле 20 возачи од Мото ГП. Заедно со нив бил и шефот на Дорна, Кармело Еспелета. Претседателот на Индонезија за своите гости организирал свечен ручек.

Меѓу возачите кои возеле низ улиците на Џакарта биле Такаки Макагами, Алекс Маркез, Марк Маркез, Алекс Ринс, Џоан Мир, Хорхе Мартин, Жоан Зарко, Џек Милер…

Scroll to Top