Микел Хансен, еден од најдобрите играчи во светот, останал без накит вреден 60.000 евра.
Ракометарот не бил присутен во станот кога бил извршен грабежот. Крадците, кои се претставиле како мајстори, во станот ги пуштила сопругата на ракометарот. Кога „мајсторите“ си заминале, таа открила дека останала без накитот и луксузниот златен часовник.
Микел Хансен, три пати во кариерата е прогласувам за најдобар играч во светот. Тој од 2012 година е играч на ПСЖ, од наредната сезона ќе го носи дресот на Олборг.