Top Sport

Кјелини и Барѕаљи продолжија со Јуве

Италијанските шампиони Јувентус потврдија дека го продолжиле договор со своите дефанзивци Џорџо Кјелини (до 2020) и Андреа Барѕаљи (до 2019).

Двајцата дефанзивци имаат заедно 743 настапи за „старата дама“, и го креираа славниот „БББЦ“ ’рбет на клубот од Торино, кој освои седум титули во низа, четири трофеи од Купот на Италија и две финалиња од Лигата на шампионите.

„Двајца од ’славните пет’ на Јуве, кои ги освоија сите седум титули во Италија, Кјелини и Барѕаљи остануваат со нас. Со нив двајца, Јувентус прима само 0.7 голови по натпревар и освојува просечно по 2.3 поени“, се вели во соопштението на Јувентус.

Кјелини од следната година ќе биде капитен на Јувентус по заминувањето на Џанлуиџи Буфон.

Фото: ЕПА

Scroll to Top