Директорот на судиите во ФИФА, Масимо Бусака вели дека групната фаза на Мундијалот поминала без ниту еден скандал, посочувајќи дека ВАР одлуките помогнале да се достигне 99.3 отсто точност на судиските одлуки во групната фаза во Русија.
„По 48 натпревари, немавме ниту еден скандал и тоа е најважно за нас“, изјави Бусака.
Мундијалот во Русија е прв кој ја користи технологијата на видео помош ВАР, со која се следи натпреварот и се помага во одлуките кои можат да бидат сомнителни.
Пјерлуиџи Колина, шефот на комитетот на судии на ФИФА, вели дека 95 отсто од одлуките кои биле донесени од судиите биел исправни, а ова е пораснато на 99.3 благодарение на ВАР. Од 335 одлуки кои се проверувале во 48 натпревари од групната фаза имало 17 ВАР одлуки – 14 на теренот и три од помошниците на ВАР.
Славниот поранешен италијански судија, не сакаше да коментира на индивидуалните одлуки како барањето на Србија за пенал по падот на Александар Митровиќ, како и „откажувањето“ на пеналот на Сенегал против Колумбија.
„Сите се заинтересирани за тие 0.7 отсто од погрешните одлуки, а не за 99.3 проценти исправни одлуки. Мислам дека ова е прифатливо по овие 48 меча“, додаде Колина.
Penalty kick or foul play by Mitrović? OFR review was recommended to referee which he ignored. How can you sleep @FelixBrych? pic.twitter.com/lG2aWYAeiI
— Serbia.com (@SerbiaCom) June 23, 2018
It looked like #Senegal would have a penalty, but it was overturned by #VAR.
Challenge by Davinson Sánchez on Sadio Mané in the box.#SENCOL #Colombia #SEN #COL pic.twitter.com/wFIvegfrKL
— Jason Foster (@JogaBonito_USA) June 28, 2018