Манчестер јунајтед добија „предупредување“ дека рушењето на „Олд Трафорд“ и изградба на нов модерен стадион на негово место може да достигне цена од над 1.5 милијарди фунти поради зголемената цена на челикот и другите градежни материјали, посебно поради војната во Украина, јавува „Дејли мејл“.
Една од опциите на Јунајтед е да се изгради нов стадион со капацитет од 80.000 седишта, кој би бил финансиран преку заеми и издавање на обврзници и би станал најскапиот англиски стадион, надминувајќи ги 1.1 милијарди фунти кои Тотенхем ги дадоа за својот стадион.
Рушењето на „Театарот на соништата“ е една од трите опции за Јунајтед. Втората опција е проширување на трибината „Боби Чарлтон“, која би чинела 400 милиони фунти, а третата е да се остави стадионот структурално ист, но да се направи целосно преуредување на сите четири трибини.