Top Sport

Севилја губи здив, само 0:0 со Сосиедад

Пред вечерашното „Ел класико“, Севилја не успеа да се доближи до првопласираниот Реал Мадрид, откако одигра само 0:0 со Реал Сосиедад.

И покрај тоа што Севилја имаа поголем посед на топката, Сосиедад успеааја да имаат повеќе удари на голот и на крајот си заминуваат со поен.

Со поенот, Севилја останува втора со 57 поени, три пред Атлетико Мадрид, но дури девет зад Реал Мадрид, кои со евентуална победа ќе дојдат на 12 поени предност на девет кола пред крајот на сезоната. Сосиедад се на шестото место со 48 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top