Top Sport

Касемиро: Бразил, фаворити? Ако велите така

Бразил можеби според сите мерила е фаворит за победа над Мексико во осминафиналето на Мундијалот, но играчот од средниот ред Касемиро вели дека само треба да се фрли поглед кон шампионите Германија за да се заклучи дека во фудбалот фаворитите не победуваат секогаш.

Бразил во понеделник играат со Мексико во Самара, и петкратните шампиони не се сметаат како фаворити.

„Вие велите дека сме фаворити. Овој дрес не победува на мечеви. Видете ја Германија. Со сите играчи кои ги имаат, со цела фаворитска позиција, испаднаа по групи. Да, нашите фудбалери се од светска класа и тимовите во кои играат честопати се сметаат за фаворити, така што сме навикнати на тоа да сме фаворити. Но, секогаш треба да имате почит, смиреност и скромност. Мораме да играме фудбал да ги победиме Мексиканците“, вели Касемиро.

Мексико нема најдобар скор против јужноамериканските селекции – на 15 Мундијали пред Русија, Мексико само еднаш победи јужноамериканска репрезентација, Еквадор со 2:1 во 2002 година. Мексиканците исто така се непредвидливи – тие го одиграа еден од најдобрите мечеви досега на првенството, кога со 1:0 ја совладаа Германија, но потоа во последното коло загубија со 3:0 од Шведска.

26-годишниот фудбалер на Реал Мадрид, Касемиро, кој имаше само пет настапи како замена за Бразил во 2011 и 2012, подолго време не беше во репрезентацијата, но под новиот селектор Тите, има 12 старта во последните 13 меча на „селесао“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top