„Јас сум Јанис Адетокумбо, посетете ја мојата прекрасна земја, Грција“, вели НБА ѕвездата покрај класичните грчки столбови во новата рекламна кампања на Грција за привлекување на туристи.
Грција очекува 32 милиони туристи оваа година, но никој не очекуваше Адетокумбо, кој е роден во Грција од нигериски родители да биде главниот туристички амбасадор, и покрај неговиот статус на глобална ѕвезда.
„Им кажувам на моите соиграчи: момци, ако не сте биле во Грција, навистина пропуштате многу. Треба да дојдат и да ја запознаат мојата прекрасна земја“, вели Адетокумбо.
Адетокумбо во САД доби прекар „Грик фрик“ и многу споредби со Меџик Џонсон и Леброн Џонс. Но, стартот бил многу тежок. Тој со неговите браќа биле улични продавачи во Атина и стравувале од депортација, пред да добие грчко државјанство во 2013 година, кога имаше само 19 години.
„Моето омилено место е Атина. Сакам кога ќе се вратам таму и ќе ги видам сите луѓе со кои раснев“, објаснува Адетокумбо.
This is my country Greece ?? pic.twitter.com/7S0P203rzB
— Giannis Antetokounmpo (@Giannis_An34) June 29, 2018