Top Sport

Ниту Бразил не е тој од старите времиња! Нема имиња како Пеле, Зико, Гаринча…

Мундијалот во Русија е првиот од 1974 година на кој Бразил пристигнува без фудбалер кој е повеќе познат по својот прекар отколку по своето вистинско име.

Бразилските фудбалери речиси секогаш користат само едно име (Нејмар, Касемиро), што може звучи необично за Европјаните, но има голема разлика од тие кои го корисат своето име, и тие кои се познати по прекарите.

Овојпат нема ниту мали монети (Тостао), ниту супер-херои (Хулк), ниту едно од седумте џуџиња (Дунга), ниту измислено име од детството (Пеле). Исто така нема фудбалери кои се именувани по мустаќи (Бигоде), Германец (Алемао), ниту боја на кожата како Бранко, кој беше бел Бразилец во тим полн со Афро-Бразилци. Тука секако е и Гаринча (Мануел дос Сантош), кој го доби името според една птица.

Наместо тоа имаме, Фред, Даглас, Марсело, имиња кои веќе може да се каже дека се универзални.

Уредникот за спорт на весникот „О Глобо“, Марвио дос Анжос, вели дека тоа е последица на корпоративната природа на фудбалот.

„Агентите и директорите на фудбал ги спречуваат фудбалерите да ги користат прекарите. Ако се викате Хулк, тогаш ќе бидете обоени зелено да изгледате како вашет име. Вака се неутрализира целиот фолклор на бразилскиот фудбал и се дава доза на сериозност. Така ја губиме забавата во нашиот фудбал“, вели Дос Анжос.

Scroll to Top