Top Sport

Саутгејт: Имав две децении да размислувам за утнатиот пенал

Англискиот селектор, Герет Саутгејт пред осминафиналниот дуел на неговата репрезентација против Колумбија мораше да се потсети на пенал-сериите и 1996 година, кога токму тој утна пенал на Европското првенство на домашен терен.

„Имав две децении да размислувам за тоа. Ако не победиме, ќе мораме на пенали. Дали сме под поголем притисок? Не знам, можеби“, вели Саутгејт.

Во вторник во Москва ќе биде првиот вистински тест на англиската репрезентација, откако во натпреварите по групи имаа две победи над Тунис и Панама, но загубија од Белгија во меч кој двете репрезентации не се обидуваа многу да го добијат.

Сепак, Саутгејт верува дека ако дојде до пенали, неговите фудбалери ќе бидат подобро подготвени откако тој на „Вембли“ пред 22 години, кога во полуфиналето против Германија, тој неславно го утна последниот пенал за пораз.

„Во 1996 година јас бев доброволец да го изведувам тој пенал. Сега имаме далеку подобри фудбалери кои тренираат пенали на тренинзите, така што нема да сме во таква ситуација“, додава Саутгејт.

Од финалето на Светското првенство во 1996 година, од 14 натпревари во нокаут фазата на Мундијалите, дури 7 се решиле во продолженија. Три од тие се одлучиле на пенали, и трите Англија ги загубила.

Scroll to Top