Златан Ибрахимовиќ ќе игра за Шведска во баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Шведска, утре ќе ја пречека Чешка, победникот од овој натпревар во финалето ќе игра против Украина.
Ибрахимовиќ (40), пред мечот со Чешка говорел за можноста наскоро да ја заврши кариерата.
„Чувствувам паника поради можноста да ја завршам кариерата. Сигурно е дека ќе продолжам да играм додека можам, додека можам да постигнувам врвни резултати. Ќе играм се додека сум добар на теренот“, рекол Ибрахимовиќ и дополнил.
„Што ќе биде потоа, не знам. Бев исплашен додека ја пишував книгата. улогата во фудбалот? Ќе видиме кога ќе дојде тој ден. Би можел да започнам нешто ново, да одморам или да исчезнам. Јасно е дека никогаш нема да го почувствувам адреналинот што го чувствувам сега. Програмирани сме да се разбудиме, да се подготвиме за тренинг, да тренираме и да се вратиме дома. Мислам дека и вие ќе бидете тажни што повеќе нема да ме гледата како играм. Треба да се забавувате, вакво нешто никогаш повеќе нема да видите“.