Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба (29), открил дека крадците кои минатата недела влегле во неговиот дом, го зеле златниот медал од Светското првенство во Русија.
Грабежот се случи на 15.март, во текот на натпреварот Манчестер јунајтед-Атлетико Мадрид. Во моментот на грабежот, во куќата биле неговите деца кои спиеле.
„Го украдоа накитот на мојата мајка и го зедоа мојот златен медал“, открил Погба за „Фигаро“.
Франција во финалето на СП со 4:2 ја победи Хрватска.