Top Sport

Кулушевски со критики за Јуве и Алегри

Дејан Кулушевски признава дека искуството со Јувентус му било „многу фрустрирачко“, критикувајќи го тренерот Макс Алегри и во исто време радувајќи се на соработката со Антонио Конте во Тотенхем.

Швеѓанецот замина во Англија на позајмица до јуни 2023 за 10 милиони фунти, но Тотенхем има обврска да го купи за 35 милиони евра ако се исполнат одредени услови. Англиските медиуми тврдат дека Спарс ќе го купат без разлика на тоа по првите импресивни 11 меча во кои имаше 2 гола и 4 асистенции

„Работите може да се сменат бргу во животот на фудбалерите. Имаше многу работи во Јувентус кои не функционираа и кои беа фрустрирачки. Во Тотенхем има свеж дух, имам многу подобра соработка со тренерот, тренирам подобро и физички станав посилен“, вели Кулушевски на прес-конференција со шведската репрезентација.

21-годишниот Кулушевски никогаш не се вклопи во системот на Алегри, жалејќи се дека тренерот не може да му ја најде вистинската позиција за да го извлече максимумот.

Scroll to Top