Top Sport

Јуниорскиот голман на Јунајтед во предвремена пензија

Давид де Хеа и Дин Хендерсон му пратија пораки на поддршка на У-23 голманот на Манчестер јунајтед, Пол Вулстон, откако мораше да се пензионира на само 23 години.

Јунајтед потврдија дека Вулстон решил да се повлече од фудбалот откако по повеќето обиди да ја врати физичката подготвеност и покрај двете операции, не успеал во целта. Вулстон бил на операција двапати минатата година за проблеми со колкот.

„Секогаш е лошо кога некој мора да се пензионира на толку млада возраст. Зборував со него пред некој ден и му кажав дека најважното е животот, а не фудбалот. Трениравме со него кога беше подготвен и сега му посакувам најдобро, бидејќи тој е фантастично момче“, изјави Де Хеа.

И Хендерсон му оддаде почит на Вулстон.

„Ова е ужасно за него и за сите околу него. Тој беше прекрасен човек за да се работи. Тој е умно момче и ќе најде решение во својот живот“, изјави Хендерсон.

Scroll to Top