Хорхе Сампаоли по елиминацијата на Аргетнина од светското првенство проговори за својата иднина. Иако, Аргентинците очекуваат негова оставка, тој нема намера да отстапи од функцијата.
„Се уште е рано за било какви анализи, но јас немам намера да заминам“, рекол Сампаоли по поразот од Франција 3:4.
„Секогаш боли кога ќе испаднете на светско првенство, особено кога знаете дека играчите ги оставиле своите срца на теренот. Верувавме дека можеме да поминеме понатаму, но не успеавме“, истакнал аргентинскиот селектор, дополнувајќи дека овој пораз ќе го направи уште подобар тренер.
„Дојдов со големи амбиции, верував дека можеме да го освоиме СП. Сега навистина сум фрустриран“, заклучил Сампаоли.