Ашраф Хакими е незадоволен во Пари Сен-Жермен и е подготвен да си замине од клубот по само една сезона, тврди француското радио „РМЦ“, додавајќи дека јужноамериканските ѕвезди на клубот, како Нејмар и Лионел Меси воопшто не зборувале со Мароканецот.
23-годишниот Хакими потпиша петгодишен договор со клубот од француската престолнина по трансферот од 70 милиони евра од Интер минатото лето, но не усепа да ја повтори истата форма, постигнувајќи 3 гола и само 4 асистенции во 32 меча за Парижаните.
Овие вести доаѓаат по шпекулациите за голема разединетост во соблекувалната на тимот на Маурисио Почетино – од една страна јужноамериканските фудбалери, а од друга страна фудбалерите кои зборуваат француски, а според „РМЦ“, имало и физички пресметки по неодамнешниот понижувачки пораз од Монако.