Оливер Кан, поранешниот голман на Германија и Баерн Минхен и најдобриот играч на СП во 2002 година, го впери прстот во двајца фудбалери по елиминацијата на Германија уште по првата фаза на Светското првенство во Русија.
Кан смета дека Германија не заслужила да патува во нокаут фазата бидејќи играчите не биле посветени, а како најодговорни за елиминацијата ги посочи Сами Кедира и Месут Езил.
„Заслужено испаднаа, фудбалерите не беа посветени кон репрезентација, немаше трага на сплотеност. Најголемо разочарување за мене е учинокот на Сами Кедира и МесутЕзил. Тие се најискусни, но не ја искористија шансата што им беше укажана. Кога требаа да ја преземат одговорноста ги немаше никаде. Голема работа ги очекува во Фудбалскиот сојуз на Германија“, рекол Кан.
Германија, настапот на СП го заврши на последното место во Ф-групата, во конкуренција на Шведска, Мексико и Јужна Кореја.