Top Sport

Њукасл и Астон вила неочекувани кандидати за потписот на Погба

Њукасл јунајтед и Астон вила се неочекувани кандидати за потписот на Пол Погба ова лето, откако на ѕвездата на Манчестер јунајтед му истекува договорот, а засега нема најави дека „ѓаволите“ ќе му понудат нов договор.

29-годишниот Погба се врати на „Олд Трафорд“ во 2016 година од Јувентус, кога Јунајтед платија 100 милиони евра за него, и иако за неговото име се поврзуваа некои од најголемите клубови на светот, како Јувентус, Пари Сен-Жермен и Реал Мадрид, според британскиот таблоид „Сан“ поверојатни се понуди од двата премиерлигаши.

Њукасл можеби не се најголемо изненадување, бидејќи се очекува клубот да има огромен буџет за трансфери ова лето по преземањето на клубот од саудискиот државен „ПИФ фонд“ и по трошењето на 90 милиони фунти во текот на зимскиот преоден рок за да се обезбеди опстанок во Премиерлигата. Вила, пак, би направила вистинска зделка ако го донесат Погба во текот на летото, и големо засилување за тимот на Стивен Џерард, кој во јануари го доби и Филипе Кутињо од Барселона.

Scroll to Top