Top Sport

Кавани: Игравме против најдобриот фудбалер на светот, секогаш ќе биде мој идол

Единсон Кавани се наоѓа во трка со времето да биде подготвен за четврт-финалето на Уругвај против Франција в петок, но тој застана да му оддаде почит на својот ривал Кристијано Роналдо, кој не успеа Португалија да ја донесе до толку посакуваното осминафинале.

Кавани во интервју за уругвајската ТВ откри дека има повреда на бутниот мускул, која тешко дека ќе се залечи за само шест дена, по што зборуваше за еден од најспортските и најубавите моменти досега на Мундијалот – кога тој се повреди, токму Роналдо му помогна да излезе од теренот.

„Игравме против најдобриот фудбалер на светот. Тој секогаш ќе биде мој идол. Немам зборови за тоа што сме во четврт-финалето“, изјави Кавани по мечот.

Четврт-финалето е уште еден успех за најфудбалската мала нација на светот – Уругвај има 3.4 милиони жители и две светски титули (1930 и 1950).

Scroll to Top