Фудбалерот на Манчестер сити, Николас Отаменди не само што не успеа да помогне Аргентина да се пласира во четврт-финалето на Мундијалот во Русија, туку во исто време успеа да изгуби многу фанови со своето однесување.
Отаменди од многу фудбалски фанови и колеги е обвинет за недостаток на фер-плеј, откако повеќе од еднаш удри со фудбалската топка во противничкиот фудбалер.
При разочарувачкиот 3:0 пораз од Хрватска во натпреварите по групи, тој ја шутираше топката во главата на Иван Ракитиќ од неколку сантиметри, предизвикувајќи мешаница меѓу фудбалерите по што доби жолт картон.
Otamendi kicked rakitic in the face @Notamendi30 ?? pic.twitter.com/E5pPHd3dgu
— Deutschland + (@SL_FuT) June 21, 2018
Против Франција, тој повторно го покажа своето лице. Отаменди во судиското продолжение во моменти кога Аргентина очајнички бараше израмнувачки гол, Отаменди доби жолт картон за шутирање на топката во грбот на Пол Погба. Повторно следуваше мешаница, но зачудувачки тој во двата инциденти не доби црвен картон.
Навистина ниско.
Otamendi has got absolutely NO time for Paul Pogba. pic.twitter.com/iFfgRgNHZS
— Adam Keyworth (@adamkeyworth) June 30, 2018
Ова не беше единствената „глупост“ која Отаменди ја направи на мечот, ако не се смета и катастрофалната одбрана во партнерство со Маркос Рохо.
Кога во 35. минута, Оливие Жиру остана на тревата жалејќи се на повреда, Отаменди намерно го зеде шишето со вода и го испрска фудбалерот на Челси. Жиру не беше импресиониран.
Dear @FIFAWorldCup if you allow @Notamendi30 still to be on the pitch and do the very same disgusting thing for the second time makes me think what is the purpose of your “Respect” ads? Just to cover bribery and exorbitant ticket prices with nice picture? #FIFA #Otamendi
— Deixel (@Deixel_) June 30, 2018
I think FIFA needs to give Otamendi a ten-match ban. Three consecutive matches where he kicked the ball intentionally right into an opponent on the ground. Very uncultured buffoon.
— Prince (@fezyexquisite) June 30, 2018