Top Sport

Сантош: Не треба најава за репрезентација која во Италија го победи европскиот шампион

Португалија и Македонија, во вторник, ќе решат која селекција ќе игра на Светското првенство во Катар. Португалците, имаа среќа против Турција, Јилмаз промаши пенал за 2:2 во 86.минута, на крајот победија со 3:1, додека Македонија во Палермо славеше против Италија со 1:0.

Португалскиот селектор, Фернандо Сантош и пред натпреварот на Италија и Македонија, предупредуваше дека во Палермо може да се случи сензација, чувството не го изневери.

„Мораме да покажеме респект кон Македонија, респект каков ќе покажевме и кон Италија, доколку тие победеа. Им кажав и пред елиминацијата на Италија дека овие натпревари не се шега. Овие натпревари се како финале, се е можно“, рекол Сантош.

Дополнил дека вакви натпревари се играат со целосен фокус и концентрација.

„Не треба најава за тим кој во Италија го победи европскиот шампион“.

Scroll to Top