Не играа во Русија, нема да играат и во Катар. Италија се уште е во шок по поразот од Македонија, во баражот за пласман на Светското првенство.
Италијанските медиуми издвоија четворица кои потфрлиле синоќа на „Ренцо Барбера“ во Палермо.
Најлошот оценет, од медиумите, е капитенот на Лацио, Чиро Имобиле, инаку најдобриот стрелец во Серија А оваа сезона со 21 гол. Имобиле доби четворка за својата игра.
„Тој човек, формата од Лацио не може да ја пренесе во националниот тим. Тој стана симбол за италијанската неефикасност“, пишува „Газета дело Спорт“, со напомена дека 32-годишникот ќе ја заврши репрезентативната кариера.
Оценка 4,5 добија Џиџи Донарума, Лоренцо Инсиње и Жоргињо.
„Впечаток е дека Донарума можеше да реагира подобро по шутот на Трајковски. Голман со неговите квалитети не смее да прими таков гол“, пишува „Газета дело Спорт“.
Најдобри оценки во италијанската репрезентација добија Марко Верати, Алесандро Бастони и Џакомо Распадори.