Радамел Фалкао е еден од фудбалерите на кои Англија посебно ќе мора да внимава во осминафиналето на Мундијалот, но за малку, слично како Аднан Јанузај, и тој ќе го облечел дресот со „трите лава“.
Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и Челси, досега има еден гол за „Лос кафетерос“ на Мундијалот, а сега англиските медиуми откриваат дека 32-годишниот Колумбиец има врска со Јоркшир, каде што е роден неговиот прадедо.
Сметководителот Џорџ Кинг, прадедото на Фалкао, бил роден во Селби, Северен Јоркшир и бил страствен голфер. Тој се преселил во Јужна Америка во 1932 година и се оженил со Колумбијката Хулиан, која всушност е мајка на бабата на Фалкао, односно баба на таткото на Фалкао, Гарсија.
Гарсија Фалкао дури се обидел да извади британски пасош за неговиот син во обид да му обезбеди трансфер во Европа како тинејџер, но неговата апликација била одбиена.
„Горд сум на мојата англиска крв. Мојот прадедо беше Англичанец и спортист исто како мене“, изјави Фалкао за „Дејли мејл“ во 2014.
Фото: ЕПА