Роберто Манчини имал долг разговор со фудбалерите во тренинг-центарот во Коверчано денеска по вчерашниот сензационален пораз од Македонија во баражот за пласман на СП, и побарал од нив смиреност за иднината, тврди „Скај спортс Италија“.
И покрај тоа што италијанските медиуми веќе ја скроија листата на потенцијални заменици на Манчини, тој бил неверојатно смирен и посочил дека ќе остане на позицијата наместо да си поднесе оставка. Италијанските медиуми сметаат дека ова е само стратегија да се смират духовите пред мечот со Турција, кој „аѕурите“ мораат да го одиграат како поразени во баражот.
Манчини ќе се појави пред италијанските медиуми во понеделник пред мечот со Турција во вторник.