Премиер лигата на Англија не му дозволи на Барнли да го реализира трансферот на Виктор Мозес и покрај тоа што ФИФА и УЕФА им дозволија на клубовите да ангажираат фудбалери кои играат во руските клубови.
Мозес е играч на Спартак од Москва, но не крие дека сака да се пресели во некој друг клуб.
Барнли, според препораките на ФИФА и УЕФА, сака да го донесе Мозес без оштета. Премиер лигата, повикувајќи се на спортскиот интегритет не дозволи трансферот да биде реализиран.
Покрај Премиер лигата, трансфери на фудбалери од руските клубови нема да дозволат Серија А и Бундеслигата.
Мозес има 31 година, во Спартак е од јули минатата година, откако претходно една сезона играше за овој клуб како позајмен играч. Ниегиецот во кариерата играч во Виган, Челси, Ливерпул, Фенербахче…За Нигерија одиграл 37 натпревари, постигнал 12 голови.