Фудбалската репрезентација на Шпанија, во пријателски меч, забележа тесна победа над Албанија од 2:1. Сите голови на овој натпревар беа постигнати во последните 15 минути.
Водство на Шпанија и донесе Феран Торес во 75.минута. Албанија, со комичен гол, израмни во 85.минута. Стрелец беше Узуни.
Во 90.минута победата на Шпанија и ја обезбеди Дани Олмо.
Шпанија во вторник ќе игра пријателски меч со Исланд, истиот ден Албанија ќе игра против Грузија.