Top Sport

Бразилците без Марсело против Мексико

Марсело нема да го стартува осминафиналето од СП против Мексико, откако бразилскиот селектор Тите потврди дека бекот на Реал Мадрид се вратил на тренинзите, но нема да биде дел од понеделничкиот меч во Самара.

Марсело беше повлечен од игра рано при последниот меч од групите за Бразил против Србија поради болки во грбот, по што се тврдеше дека хотелските кревети во Русија придонеле за повредата.

На негово место и против Мексиканците ќе биде дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Филипе Луис.

„Да, веќе го потврдив тимот. Истиот тим кој го заврши последниот меч, така што ќе игра Филипе Луис, а не Марсело“, изјави Тите.

Марсело тренираше во Самара, каде што бразилската репрезентација пристигна во неделата наутро.

Нејмар, Филипе Кутињо и Вилијан ќе бидат во нападот, Тијаго Силва и Миранда ќе бидат во центарот на одбраната, а Габриел Жесус повторно ќе добие шанса пред Роберто Фирмино, кој досега нема некоја позначајна улога на Мундијалот.

Фото: ЕПА

Руските кревети се виновни за повредата на Марсело

 

Scroll to Top