Осминафиналната пресметка на две мали европски земји, Хрватска и Данска придонесе петтиот најголем руски град, Нижни Новгород да биде преполн со огнени навивачи на двете репрезентации кои се надеваат на многу повеќе од пласман меѓу најдобрите 16.
Пред Лука Модриќ и Кристијан Ериксен да го имаат својот дуел на теренот, навивачите го „окупираа“ градот и придонесоа за вистинско мундијалско чувство во градот полн со историја.
Хрватски навивачи има многу повеќе од Данците (околу 1.000), бидејќи како и на сите мечеви досега навивачите од западна Европа премногу се исплашија да патуваат во „непријателска“ Русија. Но, Данците барем се уникатни – вистински викинзи.
Ќе биде „жешко“ од 20 часот.