Селекторот на Холандија, Луј Ван Гал, му одоговирл на капитенот Вирџил Ван Дајк, кој по мечот со Данска (4:2), говорел за формацијата во која играле „лалињата“.
Холандија, против Данска, настапи во формација 3-4-1-2. Ван Дајк рекол дека новиот ситем не му се допаѓа.
„Дали ми се допаѓа новиот систем? Искрено повеќе би сакал да играме во стандардната формација 4-3-3. Сепак јас не сум селектор. Се обидувам да ги прифатам одлуките на селекторот“, рекол Ван Дајк
„Занм што му се допаѓа на Ван Дајк, тој секогаш јавно го кажува своето место. Веќе разговаравме на оваа тема. Го слушнав неговото мислење, но јас одлучувам за тактиката“, изјавил холандскиот селектор.