Јутјуберот кој стана професионален боксер, Џејк Пол не се возддржа и им понуди на холивудските ѕвезди Вил Смит и Крис Рок по фантастични 15 милиони долари да влезат во ринг и да ги решат своите несогласувања.
Ова доаѓа по вчерашниот скандал на доделувањата на Оскарите, кога Смит налутен од шегата која Рок ја кажа за неговата сопруга Џејда Пинкет Смит, се качи на сцената и му залепи шамар на комичарот.
„Ќе дадам 15 милиони долари на Вил Смит и 15 милиони долари на Крис Рок, тоа е подготвено. Може да бидат дел од мојот меч во август“, напиша Пол.
I got $15m for Will Smith and $15m for Chris Rock ready to go
Let’s do it in August on my undercard https://t.co/jBYIpHOTk2
— Jake Paul (@jakepaul) March 28, 2022