Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Тите, поради медиумските пишувања мораше да им се извини на Арсенал и менаџерот на овој клуб, Микел Артета.
Бразилските медиуми, изминатите денови, пишуваа дека Арсенал ги започнале преговорите со Тите.
„Сакам да им се извинам на Арсенал и менаџерот Артета. Информацијата дека сум заинтересиран да да работам во Арсенал не дојде од мојот табор, тука нема никаква вистина“, рекол Тите, кој со Барзил супериорно избори пласман на Светското првенство.
„Живееме во време на „фејк њуз“, тажен сум кога ќе прочитам такви лажни вести. Тите има морални вредности, не е предавник“.