Top Sport

Навивачите на Нигерија го демолираа стадионот во Абуџа

Нигерија ќе го пропушти Светското првенство во Катар. Нигеријците не успеаја да ја искористат предноста на донашниот терен во реваншот против Гана. Првиот натпревар во Гана заврши 0:0, а реваншот со резултат 1:1. Првилото гол во гости се уште важи во Африка, поради што Гана избори место на мундијалот во Катар.

Елиминацијата на Нигерија, веднаш по завршувањето на натпреварот предизвика бес кај домашните навивачи. Неколку илјади од трибините се спуштија на теренот, на стадионот во Абуџа, каде уништија се што им се најде на патот, а се обидоа и да ги нападнат навивачите на Гана.

Нивниот деструктивен поход го спречи полицијата која фрли солзавец.

Scroll to Top