Клубовите кои се натпреваруваат во Премиер лигата, утре веројатно ќе го сменат правилото за бројот на изнеми на еден натпревар. На почетокот на сезоната, клубовите го отфрлија правилото за пет измени, кое ФИФА им го овозможи на клубовите во екот на пандемијата на коронавирусот.
Оваа сезона англските клубови решија да го вратат старото правило, три измени, за разлика од останатите национални шампионати.
Англиските медиуми тврдат дека од наредната сезона, пет измени ќе има и во Премиерлигата. Тие ова го толкуваат како победа на големите клубови, кои цело време инсистираа на пет измени во текот на еден натпревар.